Каран не освои девет бода од три меча и си поднесе оставка, Шкупи остана без тренер

by
1 минути читање

Денеска на прес конференција тренерот Умит Каран си поднесе оставка од кормилото на Шкупи.

„Кога дојдов пред една година го најдов клубот во непрофесионална состојба, и сега за една година успеавме да дојдеме до ниво на професионализам. Во овој момент мислам дека е крај бидејќи не можам да им дадам повеќе ниту на фудбалерите ниту на тимот, тоа е максиумумот“, вели Каран.

„Една од причините за мојата оставка е дека од првите три кола во првенството сакав да имаме девет бодови, но ние не го направивме тоа и затоа си заминувам. Го сакам Скопје и работев најдобро што можам и на најпрофесионален начин за овој тим. Но време е да се повлечам и да креирам нови можности за раководството и да дојдат нови тренери. Овој клуб има големи амбиции и секогаш ќе остане во моето срце. Сакам да им се заблагодарам на сите мои фудбалери, сручниот штаб и на спортскиот директор Омер“.

Од раководството на клубот му се заблагодарија на Каран, рекоа дека тие не сакале да се разделат, но нема да му стојат на патот. Се уште немаат опција за негов наследник но се надеваат дека наскоро ќе ја најдат. Во меѓувреме привремен тренер ќе биде асистентот Фарук Јонуз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×