Младиот и доста
талентиран фудбалер од младинскиот погон на италијанскиот првак Јувентус,
Никола Секулов потпиша професионален договор со „Старата дама“, ова, како што
вели, за него е остварување на соништата.
„Ова е посебен
момент за мене и моето семејство, бидејќи после толку жртвувања, ми се исполни
сонот да станам професионален фудбалер на Јувентус. Нека биде ова само една
појдовна точка со овој дрес, голема благодарност до клубот што има доверба во
мене“ рече Секулов.
17 годишниот
фудбалер за врска се издвои како еден од најдобрите во својата генерација во
Италија, роден е во Пјаченца, меѓутоа неговите родители се со потекло од
Струмица, иако настапуваше во младинските категории за Македонија, а има и наше
државјанство, се премисли и почна да настапува за Италија.
class="twitter-tweet" data-lang="en">