Шкендија не може да киксне и против тим од втора лига, Ренова преку пенали до осминафиналето од купот

by
1 минути читање

Требаше да дојде Купот на Македонија за Шкендија да ја забележи првата победа оваа сезона во домашните натпреварувања. Тие славеа на гостувањето кај Гостивар со 4-1. 

Убедлив беше и Работнички кој со 4-0 го победи Влазерими, со истиот резултат Силекс славеше кај Фортуна.

Интересно беше во Гевгелија каде Ренова беше пред елиминација од Кожув, но се спаси, во финишот од мечот изедначи на 3-3, а потоа со 6-5 ја доби пенал серијата.

Шкупи со 5-1 го победи Тетекс, а Осогово во Кочани со 1-0 беше подобар од Победа.

Дуелот меѓу Саса и Вардар ќе се игра на 28. август, а финалистите од минатиот куп, Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев одат директно во осминафиналето.

Резултати:

Фортуна – Силекс 0:4

Охрид – Беласица 5:4 на пенали, 1:1

Кожув – Ренова 5:6 на пенали, 3:3

Кравари – Лабуништа 1:4

Тетекс – Шкупи 1:5

Локомотива – Струга Трим Лум 1:5

Влазерими – Работнички 0:4

Превалец – Борец 0:4

Осогово – Победа 1:0

Гостивар – Шкендија 1:4

Саса – Вардар ќе играат на 28 август

Претходно играа

Кит Го – Пелистер 4:5 на пенали, 1:1

Љуботен – Тиквеш 1:5

Ново Црнилиште – Брегалница 0:22

Можно е и ова да ти се допаѓа

×