130
Хрватскиот првак
Динамо Загреб ја наполни до врв мрежата од голот на Ференцварот и тоа на негов
терен во реванш пресметката од третото квалификациско коло за пласман во
групната фаза од Лигата на шампионите.
Динамо Загреб
откако одигра реми со резултат 1-1 на домашен терен, на гости вечерва во
реваншот славеше убедливо со 0-4, а токму нашиот репрезентативец Аријан Адеми беше
еден од двигателите во играта на победничкиот табор.
Адеми најпрво во
16. минута го постигна првиот гол за „Модрите“, за веќе во 55. минута да
асистира во третиот гол за Динамо Загреб кој во самиот финиш промаши од белата
точка за петарда во Будимпешта.