Јаховиќ е човек за одлука, ја однесе Малатијаспор во 3. коло од Лига Европа (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Адис Јаховиќ и Малатијаспор ќе играат во 3. коло во квалификациите од Лига Европа, и токму Македонецот е еден од најзаслужните за ова.

Откако првиот меч на домашен терен против Олимпија заврши 2-2, Малатијаспор вечерва триумфираше на гостувањето во Словенија со 0-1.

Клучниот момент од средбата се случи во 77. минута кога по една нафрлена топка, Адис Јаховиќ одлично се снајде и со глава ја затресе мрежата на домаќините.

Следен противник на Адис Јаховиќ и Малатијаспор ќе биде белградски Партизан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×