150
„Калчомеркато“ пишува дека Ристовски имал вечера со агентите Леонардо Корси и Џовани Бранчини на која ќе дискутирало за иднината на фудбалерот.
Главната тема не било заминување, туку продолжување на договорот со Спортинг Лисабон.
Голема е веројатноста во наредниот период Ристовски да стави потпис на нов договор со Спортинг.
Тој во минатата сезона настапи на 33 натпревари за Спортинг од кои 23 во португалската лига.