Бламажата во Европа носи големи промени во Шкендија, Лорик Цана ќе диригира во тетовскиот клуб

by
1 минути читање

Шкендија доживеа дебакл во фудбалска Европа, најпрво доживеа елиминација од естонскиот Номе Каљу во квалификациите од Лигата на шампионите, а кога се чинеше дека не може подолу беа елиминирани и од тим од Луксембург во квалификациите од Лига Европа.

Покрај поразите фудбалерите на Шкендија се истакнаа и со непрофесионалниот однос на теренот поради кој заработија и три црвени картони. Агим Ибраими беше во центарот на вниманието откако со глава го удри судијата.

Сопственикот на Шкендија, Лазим Дестани се одлучил за промени, албанските медиуми пишуваат дека тој ќе му даде одврзани раце на Лорик Цана да го среди клубот.

Славниот албански фудбалер ќе ја добие функцијата спортски директор и ќе биде надлежен за сите промени во тимот од кои ќе зависат резултатите.

Цана е албанска фудбалска гордост, тој има играно за клубови како ПСЖ, Марсеј, Сандерленд, Лацио… но е и контроверзен лик на овие простори поради инцидентите во Белград каде како капитен на Албанија беше еден од главните во одбрана на албанското знаме кое слета со дронот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×