Милан се приклучува во трката по Трајковски!?

by
1 минути читање

Италијанскиот новинар, Алфредо Педуло кој синоќа прв излезе со веста дека Спортинг Лисабон го сака Трајковски, сега пишува дека и Милан се вклучува во трката.

Александар Трајковски беше еден од најдобрите во изминатата сезона од Серија Б, па станува интересен за клубовите бидејќи ќе можат да го добијат и бесплатно поради актуелната ситуација на Палермо кој најверојатно ќе заврши во Серија Д.

Поради проблемите со финансискиот фер-плеј, Милан не може да се расфрла со пари за купување на нови фудбалери, а има место за играчи кои се надвор од Европската унија.

Во македонскиот фудбалер гледаат играч кој бесплатно би можел да ја зголеми конкуренцијата во тимот. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×