„Скај Спорт
Италија“ известува дека оваа седмица предвидено е да се одржи нова рунда
преговори помеѓу Наполи и Фенербахче за нашиот 19 годишен интернационалец Елиф
Елмас, а истиот медиум додава дека обете страни би можеле да имаат доближување
на ставовите.
„Во текот на оваа
седмица, нови преговори се очекуваат помеѓу обете страни, за да се направи обид
да се доближат до ставовите, ќе има средба на која ќе се разбере како понатаму
во преговорите, нешто што Наполи очајно посакува да го стори, фудбалерот роден
во 1999. година е голема желба на Карло Анчелоти, кој го дефинираше Македонецот
како ‘новиот Фабиан Руиз’ во неговата прва пресконференција“ пишува „Скај Спорт Италија“.
Не се исклучува можноста Наполи да го подготвува теренот за продажба на Руиз, тој доби повик
од најсилниот национален состав на Шпанија минатиот месец и импресионираше во неговото
деби, многу шпекулации има за овој 23 годишен фудбалер, во Италија одредени
медиуми пишуваат дека сака двојно зголемување на платата, а други пак пишуваат
дека е среќен во клубот, не се исклучува тоа што Реал Мадрид наводно сака да го
врати во својот тим, а интерес пријавува и Атлетико Мадрид.

Истовремено,
медиумот пишува дека Наполи има цел да се доближи до барањата на Фенербахче кои
изнесуваат 20 милиони евра, од друга страна пак во Неапол подготвиле понуда од
13 милиони евра за Македонецот.
Како за потсетување, минатата седмица „ТРТ Спорт“ извести дека претставници на Атлетико Мадрид биле во Истанбул на завршни преговори со Фенербахче за Елмас, конкуренцијата е голема, а според досега виденото, се чини дека Атлетико Мадрид и Наполи се најсериозните претенденти за потписот на нашиот репрезентативец.