139
Бразилскиот фудбалер од Вардар се пресели во лутиот ривал Шкендија со која потпиша едогодишен договор со можност за продолжување на уште една година.
„Шкендија со задоволство може да потврди дека го формализираше договорот со бразилскиот фудбалер Хуан Фелипе Алвес Рибеиро. Претседателот и фудбалерот се договорија за двегодишна соработка (1+1) и играчот стави потпис на договорот“, стои во соопштението на Шкендија.