Утре напладне ќе се
одржи ждрепката за првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, таму
наш претставник е шампионот во нашиот најсилен фудбалски шампионат, тимот на
Шкендија.
УЕФА во пресрет
на ждрепката веќе ги подели групите, а Шкендија во групата „1“ е дел од
носителите задно со Астана (Казахстан), Лудогоретс (Бугарија), Црвена звезда (Србија),
како и АИК (Шведска), токму овие екипи нема да им застанат на патот на Тетовци.
Во истата група
како неносители а воедно и можни противници на Шкендија се Судува (Литванија),
Клуж (Романија), Номе Калју (Естонија), Арарат-Ерменија (Ерменија), како и Ференцварош (Унгарија), екипа во која настапува нашиот репрезентативец Стефан Спировски.
Фото-вест: kfshkendija (facebook, архива)