117
Јавноста во
нашата земја со голема осуда го коментираше тоа што му се случи на нашиот
репрезентативец и интернационалец од редовите на Лидс, Езгјан Алиоски во својот
роден град Прилеп.
Заедно со своите
родители, популарниот „Џани“ седнал во ресторанот „Ла Страда“, но, откако
вработените слушнале дека тие говорат албански, побарале од нив да си заминат а
како причина за тоа навеле дека нема слободно место, односно, се’ било резервирано.
Неколку часа по
инцидентот, Алиоски повторно се врати во Прилеп и се приклучи на една
хуманитарна акција, а од видеото кое го подготви „Клан Македонија“ јасно се
гледа како нашиот фудбалер доби топол пречек од Прилепчани…