Ново поглавје во
шпекулациите кои нашиот 19 годишен репрезентативец го селат од Фенербахче во
летниот преоден рок, по Интер и Атлетико Мадрид, Севиља исто така влезе во
битката за потписот на Македонецот.
Турски „Споркс“,
повикувајќи се на информациите кои ги објавија дел од шпанските медиуми,
истакна дека новиот шеф на стручниот штаб на Севиља, Хулен Лопетеги го поставил
Елмас на врвот од своите желби на трансфер листата по која тој ќе се раководи
ова лето.
Во Турција од
поодамна пишуваа дека Фенербахче ќе се обиде да го задржи нашиот фудбалер ова
лето, и покрај тоа што речиси сигурно е дека таа идеја нема да биде лесно
остварлива, со оглед на огромниот интерес за него, а планот на тимот од
Истанбул е да се извлече максимум при евентуална продажба на Елмас, нешто, што
според нив најдобро би се направило идната година.
Елмас сезонава
одигра 40 натпревари во дресот на Фенербахче, а постигна четири погодоци, има
важечки договор со турскиот прволигаш до 2022. година.