Македонија оваа
недела се радуваше на нов голем успех на ракометарите на Вардар, кои во
неделата триумфираа во Лигата на шампионите и по втор пат во три години седнаа
на престолот на Европа.
Горан Пандев
денеска изрази надеж дека и фудбалерите ќе можат да приредат успех и да ги
израдуваат фановите и љубителите со прво учество на Европските првенства.
„Во неделата,
ракометарите на Вардар триумфираа во Лигата на шампионите, ниту еден друг клуб
од Македонија не може да забележи ваков успех во својот спорт. Видовме колку
луѓе излегоа на улица да ги поздрават хероите од фајнл-фор турнирот“ – вели капитенот
на „црвено-жолтите“.
„Македонија живее
за спортот, би сакал и ние да ја израдуваме нацијата со пласман на ЕВРО 2020 и да имаме ваков пречек на плоштадот“.
„Како
репрезентација сме зрели, одлична комбинација на младост и искуство. Долги години го носам националниот дрес и мислам дека никогаш не сме имале подобар тим. Ова е
најдобар момент за да забележиме успех и да играме на големо натпреварување.
Нашите играчи настапуваат во добри клубови“.