Ангеловски: Дали имам лек за Левандовски? Јас не сум доктор ниту пак тој е болен!

by
1 минути читање

Утре Македонија
ја пречекува Полска во третото коло од квалификациите за ЕВРО 2020. Во редовите
на противникот има голем број на квалитетни имиња, а секако, најзвучно е името
на Роберт Левандовски.

Па Игор
Ангеловски беше запрашан дали има лек за голгетерот на Баерн Минхен, а
селекторот на Македонија даде интересен одговор.

„Колку што јас
знам, Левановски не е болен. Исто така, јас не сум доктор и не препишувам
лекови. Играме против репрезентацијата на Полска а не против еден играч“
– вели
предводникот на „црвено-жолтите“. „Со тимска игра се справуваме со секој противник, па така ќе биде и утревечер“.

„Тоа што сме
домаќини на силна репрезентација како Полска ни два дополнителна мотивација. Оние
кои ме познаваат, знаат каква е мојата филозовија па и сега ќе играме агресивно
и офанзивно. Одиме да се избориме за позитивен резултат. Убеден сум дека моите
играчи ќе го остават срцето на терен“.

„Овие фудбалери
покажаа дека се спремни да гинат за Македонија, а тоа најдобро го покажаа
повредените, кои направија с
è
што можат за да се вратат и да играат на овие
натпревари. Тоа покажува какви личности имаме во тимот, и тоа може само да ме
радува“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани