Вардар следната
сезона нема да може да игра во Европа откако не доби лиценца од ФФМ и ќе остане
без неколку стотици илјади евра кои ги носи настапот во квалификациите од Лига
Европа.
Сега пристигна
нов удар за амбициите на „црвено-црните“, Тракаи се пофали дека го добил спорот
со најтрофејниот клуб од Македонија за трансферот на Максим Максимов па Вардар
нема да може да се засили за следната сезона.
Напаѓачот се
пресели во Скопје во последниот ден од летниот преоден рок во 2017, пристигна
како големо засилување за групната фаза од Лига Европа, но не настапи откако не
доби сертификат, додека пак во ПМФЛ играше со привремена дозвола.
Клубот од
Литванија тогаш се пожали дека играчот еднострано го раскинал догворот и покрај
тоа што немал основа за тоа. Тракаи неколку плати му се обрати на Вардар, побара цивилизирано да се разберат и да им го вратат играчот или во спротивно ги чека тешка казна.
Но од управата на „црвено-црните“ се правдаа дека се било според прописите
и тие платиле 50.000 евра со кои активирале клаузула во договор на голгетерот и ја
купиле слободата на Максим Максимов.
Целиот случај
заврши кај ФИФА, а Тракаи на својата веб страна соопшти дека ја добиле правната битка.
Според известувањето кое беше објавено, Максим Максимов добил парична глоба и
суспензија од четири месеци.
Вардар пак покрај
паричната глоба добил и забрана за трансфери во два преодни рока.