Спалети по дербито со Јуве: Би останал 100 години во Интер, но…

by
1 минути читање

Интер имаше лоша година во Европа, но во Серија А е на одличната трета позиција со огромни шанси да се задржи на позиција која носи во Лигата на шампионите.

Често се шпекулира дека раководството ќе го отпушти Спалети и во следната сезона кормилото ќе го преземе некој од Антонио Конте или Жозе Мурињо.

По синоќешното дерби против Јувентус кое заврши 1-1, Спалети беше прашан за својата иднина.

„Клубот ќе одлучи. Јас со задоволство би останал во Интер 100 години, но раководството знае што е најдобро за лубот. Интер има луѓе кои одлучуваат и тоа го прават за доброто на клубот“, вели Спалети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани