Меси влезе од клупата и на Барса и ја донесе титулата број 26 во Ла Лига! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Откако Атлетико Мадрид славеше во пресметките со Валенсија и Ваљадолид, Барселона вечерва мораше сама да ја доврши работата за овој викенд да стигне до насловот шампион на Шпанија.

Леванте одолеваше еден час на Камп Ноу, но Лео Меси, кој влезе од клупата на стартот од вториот дел, одлично се снајде во 62. минута и ја затресе мрежата на гостите за 1-0. 

Леванте не се предаде и се обиде да го откаже славјето, гостите имаа неколку одлични шанси, но Тер Штеген беше извонреден на голот, а и стативата му беше сојузник во последните мигови од мечот

Па на крајот Барселона се радува на 26-та титула во Ла Лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×