Ѕвезда на Саутемптон во едицијата ‘јас да бев ќе го дадев’… (ФОТО)

by
1 минути читање

Саутемптон
денеска ремизираше против Борнмут во меч каде паднаа шест погодоци на Сент Мери
арената во редовното 35 коло од Премиерлигата.

Иако и едната и
другата екипа имаат обезбедено опстанок во елитното друштво на Островот, двете
екипи понудија доста возбудлива пресметка, а бележиме и промашување, веројатно
најголемото во историјата на Премиерлигата.

„Честа“ да го има
своето име во таа не баш популарна категорија ја има напаѓачот на Саутемптон,
Шејн Лонг, откако Ирецот промаши нешто што е потешко да се промаши отколку да
се погоди.

Како за
потсетување, Лонг во вторникот го постигна најбрзиот гол во историјата на
Премиерлигата, откако погоди за почетно водство на Саутемптон на гостувањето
кај Ватфорд (1-1) уште во седмата секунда од пресметката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани