Ливерпул максимално си ја извршува својата задача додека чека Манчестер Сити да киксне, денеска му дадоа пет гола на Хадерсфилд.
Серијата почна уште по 16 секунди игра кога по една грешка на одбраната на гостите, Кеита постигна гол за водство на Ливерпул од 1-0. Тоа беше најбрзиот гол на црвените во Премиерлигата.
Во 23. минута по асистенција од Робертсон, Мане реализира со глава за водство на Ливерпул од 2-0.
Пред истекот на полувремето Салах постигна убав погодок за 3-0 и тука ги реши сите дилеми околу победникот ако воопшто и ги имаше.
Во 66. минута нов гол на Мане, и овој пат со глава, за 4-0.
И покрај високото водство Ливерпул напаѓаше и создаваше шанси. Конечните 5-0 ги постави Салах во 83. минута.
Ливерпул сега има 91 бод, два повеќе од Манчестер Сити кој има меч помалку, во недела му гостува на Барнли.