197
УЕФА му врачи три натпревари суспензија на Нејмар поради неговите непристојни коментари на социјални мрежи против судијата на мечот против Манчестер јунајтед.
Бразилецот постираше порака на својот инстаграм против против судиите поради пеналот кој беше досуден во судиското продолжение кога шутот на Далот заврши во раката на Кимпембе.
„Ова е срамота, ставија четири лица кои не знаат ништо од фудбал да одлучуваат во ВАР собата. Ова не беше пенал. Како може да е рака кога го удри во грбот! Одете е*ете се!“, гласеше пораката на Нејмар.
Поради оваа порака тој ќе ја пропушти половина групна фаза од следната сезона во Лигата на шампионите.