Црна Гора ќе го
игра следниот меч пред празни трибини, како казна за расистичките пароли против
Рахем Стерлинг, Дени Роуз и Калум Хадсон-Одои од нивните навивачи.
Освен тоа, од куќата на фудбалот во Црна Гора ќе мора да исплатат и парична казна во висина од 20,000 евра поради недоличното однесување на навивачите.
Во текот на мечот
помеѓу Црна Гора и Англија во европските квалификации, дуел кој фаворитот го
доби убедливо со 1-5 минатиот месец, од гледалиштето каде беа сместени
домашните навивачи беа упатувани навреди на расна основа кон црномурестите
фудбалери од гостинскиот состав.
Според одлуката
на дисциплинската комисија на УЕФА, Црна Гора мечот против Косово на седми јуни
ќе го одигра пред празни трибини во Подгорица.