Ливерпул во среда
гостува кај Барселона на Камп Ноу во првата пресметка помеѓу овие два клуба во
полуфиналето од Лигата на шампионите, тоа ќе биде посебен меч за Луис Суарез,
моментално член на Каталонците, бивш член на Премиерлигашот.
Суарез стави
јасно дознаење дека и покрај тоа што му е премногу благодарен на неговиот
поранешен клуб, не постојат пријателства на теренот.
„Премногу сум му
благодарен на Ливерпул, но, на теренот, не постојат пријателства“ објасни
Суарез во интервју за Дејли Мејл.
„Во пресрет на
мечот, навистина е убаво да се зборува на оваа тема, тој клуб ми даде премногу
во кариерата, но, јас нема да помислам на ниту еден од тие преубави моменти
откако ќе излезам на теренот“ додаде Уругваецот.