Виланова го убедил Меси да остане во Барса шест дена пред да почине

by
1 минути читање

Лионел Меси
можеби не би останал во Барселона доколку неговиот статус не го решел Тито
Виланова, барем така се чини по сведочењето на Жорди Роура, човекот кој беше дел
од стручниот штаб на Пеп Гвардиола три
сезони, а неговата задача беше да се анализираат противниците.

Тито беше во
една деликатен период, а Лео не беше убеден за својата иднина
“ рече Роура за
Радио Канал Барселона.

Тие имаа средба
на која јас не присуствував, но, знам дека минаа неколку часа заедно
разговарајќи
“ додава Роура.

Меси одлучи да
остане и се надевавме дека така ќе биде за многу години
“ вели тој, притоа
опишувајќи го Виланова како едноставна и директна особа.

Виланова беше
многу обична, директна особа, со голем карактер во себе, тоа го докажа и со
неговото лице, мислам дека затоа тој беше специјален
“ заклучи 51 годишниот
Роура кој го замени Виланова на краток период на клупата на Каталонците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×