Напаѓачот во
својата богата кариера имаше прилика шест месеци да игра во еден од најголемите
клубови во светот и под водство на еден од најдобрите тренери во историјата.
Во разговор со
Дејли Мејл, Емануел Адебајор сега откри како Жозе Мурињо знаел да биде прилично
избувлив.
„Во Реал, водевме
3-0 на полувреме, а Мурињо збудале кога влезе во соблекувалната. Почна да удира,
да клоца работи, да фрла шишиња со вода. Ги уби сите“ – открива Адебајор.
„Еднаш го уби
Роналдо откако тој постигна хет-трик. Му рече, „Сите велат дека си најдобар во
светот а ти играш лошо. Покажи ми дека си најдобар“. Кристијано го прифати тоа“.
„Роналдо лесно
можеше да постигне хет-трик, но зборуваше за оној кој го промашил. Со нас
тренираше како со деца. Ни додаваше со грбот, ја контролираше топката со
вратот. Еднаш ја задржа топката пет секунди со еден допир! Како е тое можно? Во
теретаната му немаше рамен. Јас и Рамос бевме најсилни, но потоа дојде Роналдо и
ни рече, „Мислите дека ова е тешко?. Ние ќе направевме 5 серии, тој ќе направеше 30“.