Се очекува од
Сантијаго Бернабеу летоска да замина неколку играчи, но еден од нив нема да
биде Марко Асенсио. Агентот на младиот Шпанец открива дека Реал одбил понуди
помеѓу 150 и 180 милиони изминативе 12 месеци.
„Изминативе
година дена, имаше понуди помеѓу 150 и 180 милиони евра, но Реал не сакаше да
слушне за продажба. Постојано има интерес од големите клубови за Марко,
прашуваат дали сака да замине, и тоа е нормално со оглед на тоа за каков играч
станува збор“ – вели Орасио Гаџоли.
„Асенсио
постојано вели дека е среќен во Мадрид и го интересира тоа само како да успее
тука. Тој се уште е млад играч кој постојано бележи прогрес, и сите во Реал се
задоволни од него. Мисли на следната сезона и како пак да победува во белиот
дрес“.