Откриени деталите, Еден Азар од Реал Мадрид добива „кралски“ договор

by
1 минути читање

Белгиецот треба
да биде едно од големите засилувања за Зинедин Зидан, и Реал прави се што може
за да го реализира трансферот. Синоќа се
појавија гласини дека на Еден Азар дури му бил ветен и дресот со број 10, кој
во моментов го носи Лука Модриќ.

Денешното издание
на „Сан“ пак носи детали за платата која му е понудена на играчот. Таблоидот
вели дека Реал за Еден Азар има подготвено 400.000 фунти неделно и тоа по данок
(двојно повеќе од актуелниот договор со Челси).

Доколку оваа бројка
се претвори во евра и на годишно ниво, се доаѓа до 24 милиони. Ваква плата на
„Сантијаго Бернабеу“ имал само Кристијано Роналдо. Па не само што Еден Азар ќе
биде далеку најплатен во Реал, тој ќе влезе и помеѓу петте најплатени фудбалери
во светот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×