Мурињо открива дека жали за една работа и вели: Некој ќе кажат дека сум кучкин син!

by
1 минути читање

Португалецот често
знае да биде контроверзен и да привлекува внимание со изјавите или потезите кои ги прави.
Тој е лик кој или го сакате или го мразите. Во разговор со ДАЗН, Мурињо
сега откри дека Жозе како личност е многу поразлечен од Жозе како тренер.

„Имам огромен
квалитет, знаење, искуство и безгранична амбиција. Ужасен сум кога губам, и
ужасен сум кон луѓето кои ја немаат истата мотивација како мене. Жозе како
личност е смирен, емоционален и мисли многу на другите. Жозе како тренер е
прагматичен, емоционално интелегентен и сака да домнирна. Многу повеќе ми се
допаѓа Жозе како личност. Жално е што луѓето ме познаваат само како тренер“

вели Мурињо.

„Како би ме
опишале играчите со еден збор? Некој ќе кажат дека сум кучкин син!“

Најголемото
внимание го привлече на првата прес конференција со Челси кога од медиумите од Англија побара да го
викаат „специјалниот“ бидејќи станал шампион на Европа со Порто.

Но тој сега
кажува друга  призна: „Никогаш не го
реков тоа, никогаш не кажав дека сум специјален“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×