Салах со еден пост ги збуни навивачите, во петок има натпревар, а тој е многу далеку од Ливерпул! (ФОТО)

by
1 минути читање

Ливерпул треба да ги добие преостанатите три натпревари во Премиерлигата и да се надева дека Манчестер Сити ќе киксне на некој од своите. Секој меч е финале за играчите на Клоп.

Но, Мухамед Салах ги збуни фановите на Ливерпул со последниот пост на твитер.

Салах постираше слика во ресторан со пица пред него и напиша: „Кога си во Њујорк… а јадеш како да си во Рим“.

Не е јасно зошто Салах е во Њујорк, можеби играчите имаат некој одмор по победата над Кардиф, но сепак Америка е многу далеку. Фановите во коментари се прашуваат зошто нивниот фудбалер е таму.

„Зошто си во Америка, имаме натпревар во петок?“, запраша еден фан на Ливерпул.

„Зошто си во Њујорк, имаш натпревар во петок? Те сакам кралу“, напиша друг навивач.

„Зошто си во Америка?“, твитна трет.

Како и да е, се очекува Салах во петок да истрча на Енфилд и да го даде својот допринос за Ливерпул во мечот со Хадерсфилд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×