Покетино се отвори за иднината на Ериксен по „бомбата“ на Данецот вредна три бода

by
1 минути читање

Данецот вечерва беше херојот на „спарси“ откако со „бомба“ во 88 минута од мечот го урна Брајтон и донесе три важни бода во трката за топ четири пласман.

По крајот на мечот, Маурисио Покетино беше запрашан каква е иднината на Кристијан Ериксен. Фудбалерот е обврзан кон Тотнем до 2020 и преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место подолго време.

Па често се говори за негово заминување, неколку клубови внимателно следат што се случува и се подготвени летоска да достават понуда.

„Се работи за многу специјална ситуација“ – вели Покетино. „Кристијан е специјална личност, сите ние сме различни. Мораме да го разбереме ова. Во споредба со други фудбалери, тајмингот и времето потребно за тој и клубот да договорат нешто е поразлично“.

„Се надевам и посакувам Кристијан да биде со нас во иднина. Мислам дека Ериксен и Тотнем се отворени за дискусија и ќе видиме што ќе се случи. По крајот на сезоната, ќе има многу време за дискусија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×