Од поодамна на сите им е јасно дека Барселона ќе освои нова титула во Шпанија и само прашање на време беше кога „каталонците“ ќе го имаат обезбедено насловот.
Откако вечерва со 0-2 триумфираа на гостувањето кај Алавес, на Барса и се потребни уште само три бода. Но има и три сценарија со кои избраниците на Валверде можат до титулата и без да истрчаат на теренот против Леванте (сабота 20:45 часот):
1. Пораз на Атлетико Мадрид на утрешното дерби со Валенсија на „Ванда Метрополитано“. Во овој случај, Барса ќе има 80 бодови, Атлетико 68 и со четри кола до крајот, титулата е осигурана поради подобар меѓусебен дуел.
2. Реми на Атлетико против Валенсија и потоа ново реми на „Кочлонероси“ против Ваљадолид исто така на „Ванда Метрополитано“ (сабота 16:15 часот). Барса во овој случај ќе има 80 бодови а Атлетико ќе има 70 бодови но и три натпревари до крајот.
3. Победа на Атлетико утре против Валенсија но пораз против Ваљадолид во сабота. Во овој случај Барса ќе има 80 бодови а Атлетико 71, но избраниците на Симеоне ќе имаат уште три натпревари до крајот и послаб меѓусебен дуел.