Акција од учебниците и пенал со помош на ВАР, Барса на три бода до одбрана на титулата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Титулата од Ла Лига полека и се смешка на Барселона, избраниците на Валверде вечерва со 0-2 триумфираа над Алавес и сега им се потребни уште три бода.

„Каталонците“ можат да станат шампиони веќе утре под услов Атлетико Мадрид да загуби од Валенсија.

Откако првото полувреме не беше возбудливо, резултатот на „Естадио Мендизороца“ беше отворен во 54. минута. По една акција од учебниците, Алења пласираша крај стативата за 0-1.

Само пет минути подоцна, судијата со помош на ВАР покажа на белата точка а Луис Суерез прецизно биеше од 11 метри за 0-2.

Во натпревар на две екипи кои грчевито ќе се борат за опстанок, Ваљадолид со 1-0 ја совлада Џирона. Уеска за момент го напушта дното на табелата откако со 2-0 го совлада Еибар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×