Ериксен обожава да игра на новиот стадион, со прекрасен гол од далечина го урна Брајтон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кристијан Ериксен обожава да игра на новиот стадион на Тотнем, вечерва Данецот беше херој во дуелот со Брајтон и донесе голема победа.

Гостите долго време одолеваа, но во финишот задоцнија да го покријат Кристијан Ериксен кој со лева испрати прецизен шут од далечина за 1-0 и големо славје.

За фудбалерот од срендиот ред, ова беше втор гол на новиот стадион, а има забележано и три асистенции.

На вториот вечерашне натпревар, Ватфорд и Саутемптон ги поделија бодовите. Гостите поведоа со најбрзиот гол во историјата откако Шеј Лонг реализираше по само 7 секунди, но домаќините изедначија во 90. минута преку Греј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×