Лацио и Милан во
првиот меч од полуфиналната фаза од Копа Италија одиграа без голови, утревечер
Росонерите пред своја публика го играат реваншот, а за шефот на стручниот штаб
на тимот од Милано тоа ќе биде „реклама“ за Калчото.
„Натпреварите
против Лацио секогаш се тешки, да се стигне до уште едно финале сигурно ќе биде
многу важно за нашата сезона, се надевам дека утрешниот меч ќе биде реклама за
италијанскиот фудбал, сакаме да видиме шоу, мораме да мислиме само на теренот“
рече Гатузо наведувајќи дека утревечерниот меч ќе биде реклама за Калчото.
„Голем пријател
сум со Симоне Инзаги (тренерот на Лацио), ќе сториме се’ што е можно за да се однесуваме онака како што доликува, заедно ќе излеземе
на теренот“ посочи Гатузо.
Доста тензична
беше последната меѓусебна пресметка помеѓу Милан и Лацио која Росонерите на
домашен терен пред само десетина дена ја добија минимално, а истата беше од
големо значење во битката за место во топ четирите екипи сезонава во Серија А.