Поранешната
ѕвезда на Лестер, Ријад Марез минатото
лето потпиша за Манчестер Сити, а првакот во Премиерлигата за тој трансфер
издвои 60 милиони фунти, сепак, се постави прашањето за иднината на офанзивецот
во тимот на Граѓаните.
Марез „настрада“
во тимот на Гвардиола покрај Бернардо Силва и Рахем Стерлинг во обидите да
стане прва опција во офанзивниот ред на Граѓаните, а малата минутажа и големите
ротации кои ги прави катаонскиот фудбалски стратег навестија неизвесност околу
28 годишниот фудбалер за неговиот статус во тимот.
„Заборавениот
Ријад Марез се заканува дека ќе си замине од Манчестер Сити а како причина за
тоа се наведува малата можност за докажување на теренот“ напиша Дејли Мејл
вчера, а на овие шпекулации веднаш возврати Пеп Гвардиола.
„Ријад ќе биде
дел од нашиот тим и идната сезона, и сезоната по неа, и по таа…“ рече
Гвардиола.
„Немам никаква
потреба да разговарам лично со него на оваа тема, тој ќе биде дел од нашиот тим
и следната сезона“ категорично порача Гвардиола.