Очекувањата во
Италија се Лацио да ги казни Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Луис Алберто по нивните
црвени картони на дуелот против Киево на домашен терен каде Лацијалите доживеаа
шокантен пораз од 1-2 од веќе испаднатата екипа во Серија А.
Ил Месаџеро
пренесува дека Милинковиќ наводно веќе е казнет со 50,000 евра откако Србинот
направи еден непромислен потег и уште во 34. минута заработи исклучување, а
таквиот негов потег беше и јавно осуден од шефот на стручниот штаб Симоне
Инзаги.
ВИДЕО ОД ПОТЕГОТ НА МИЛИНКОВИЌ-САВИЌ
Весникот додава
дека исто и Луис Алберто ќе добие парична казна, но со помала вредност, со
оглед на тоа што беше исклучен во завршницата од пресметката.
Очекувањата се
обајцата фудбалери на Лацио да бидат суспендирани по два меча во Серија А, а
тоа секако е лоша вест за Лацијалите кои ги очекува голема битка за место во
топ четирите екипи во последните пет кола, како и излез во Лигата на шампионите
за идната сезона.