Пеп вели дека Олд Трафорд повеќе не е застрашувачки за Манчестер Сити, ја издвои причината за тоа

by
2 минути читање

На самата средина
од оваа седмица се играат четири пресметки во рамките на 35 коло во англиската
Премиерлига, меѓу кои и мега дербито помеѓу Манчестер јунајтед и Манчестер
Сити, дуел кој е од големо значење за обете екипи.

За домаќинот,
важен меч во походот кон место во топ четирите екипи, односно пласман во Лигата
на шампионите за идната сезона, а за Манчестер Сити, преземање на лидерското
место од Ливерпул, кој со два бода предност, но и меч повеќе од својот ривал,
сигурно има големи мотиви утревечер да навива за Црвените ѓаволи.

Шефот на
стручниот штаб на бранителот на титулата во Премиерлигата, Пеп Гвардиола,
посочи дека Олд Трафорд арената не е повеќе застрашувачка, а како причина за
тоа наведе дека неговиот тим во последната деката се развил на едно големо
ниво.

Оваа изјава на
Гвардиола во пресрет на утрешното дерби доаѓа по прашањето на медиумите околу
големата промена во резултатите сега, и резултатите претходно на Сити кога
станува збор за гостувањата на Олд Трафорд.

Не знам, не
правам теории за тоа што се случувало во минатото, секој меч е целосно различен,
можеби главната причина е тоа што клубот во последната декада се разви на едно
големо ниво,  можеби и тоа е причината
што не се плаши да игра на Олд Трафорд, можеби претходно беше многу
комплицирано, фудбалерите кои Манчестер јунајтед ги имаше порано го правеа ова
дерби повеќе од израмнето во силите
“ посочи Гвардиола.

Од
сензационалната победа со 1-6 на Олд Трафорд во 2011. година, Граѓаните
забележаа пет победи, притоа и едно реми во последните седум нивни гостувања во
Премиерлигата на таа арена, нешто, што не беше случај во претходната историја,
каде во цели 37 години забележаа само една победа на Олд Трафорд, но, работите
се променија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×