Мендеш му презентирал доста атрактивна опција на Гатузо, а тој сигурно ќе размисли за истата

by
1 минути читање

Иднината на
Џенаро Гатузо на клупата на Милан е неизвесна, пишува Газета дело Спорт, а
италијанскиот весник додава дека имал средба со агентот Жорге Мендеш во еден
добро познат ресторан во Милано.

Се шпекулира дека
главна тема на нивната средба била можноста Гатузо да го преземе кормилото во
Њукасл, односно да се пресели во Премиерлигата, Њукасл инаку изминатиов период се соочува со проблеми во преговорите со Рафа Бенитез за
продолжување на соработката помеѓу обете страни.

Весникот тврди
дека Гатузо сигурно би ги разгледал алтернативните солуции за идната сезона, а
тоа би зависело од исходот на Росонерите во битката за пласман во Лигата на
шампионите идната сезона, тимот од Милано е во добра позиција да се избори за
место во топ четирите екипи во Серија А, но, сигурно дека до крајот на
првенството ги чека грчевите битка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×