168
Палермо направи голем кикс откако одигра само 1-1 на домашен терен против фенерџијата Падова. Резултат со кој отидоа на минус три бода од првите две позиции кои водат директно во Серија А. До крајот има уште четири кола.
Стелоне беше тренер на Палермо и минатата сезона кога доби отказ по поразот од Фросиноне во плејофот, па повторно беше вратен во септември.
Информациите од медиумите велат дека Делио Роси ќе биде нов тренер на Палермо.
Тоа е човекот кој му беше тренер на Горан Пандев во Лацио, а го водеше и Палермо до финалето од Купот на Италија во 2011 година.