На Милнер не му е лесно: Прв пат во животот ќе навивам за Манчестер јунајтед!

by
1 минути читање

Ливерпул е во
битка со Манчестер Сити за титулата, но за „црвените“ да имаат шанса, мораат да
чекаат кикс на „граѓаните“. Се чини дека утре им е најголемата прилика за тоа, на
Олд Трафорд се игра големото градско дерби.

Па поради ова,
дури и Џејмс Милнер ќе навива за Манчестер јунајтед. 33 годишниот фудбалер во своја
кариера настапуваше за три лути ривали на „ѓаволите“, односно Лидс,
Манчестер Сити и сега Ливерпул.

„За прв пат во
животот ќе навивам за Манчестер јунајтед“
– вели Англичанецот. „Но нема да го
гледам натпреварот. Џабе ќе губам енергија“.

„Веројатно ќе го
исклучам телефонот на неколку часа и потоа ќе проверам што се случило. Немам
идеа што ќе правам, можеби ќе одам на вечера“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×