Според англискиот весник „Телеграф“, Манчестер Сити ќе ја плати откупната клаузула на 22 годишниот Родри која изнесува 60,6 милиони фунти.
Играчот на Атлетико Мадрид се смета дека е новиот Серхио Бускетс во Шпанија.
Родри имаше солидна сезона во која досега настапи на 29 лига натпревари, а Атлетико Мадрид цели на освојување на второто место во Примера.

Тој минатото лето пристигна на Ванда Матрополитано од Виљареал, но по само една сезона би можел да ја промени средината и да отиде во Сити.
Гвардиола во Родри гледа замена за 34-годишниот Фернандињо кој ќе остане во тимот но поради неговата возраст можеби ќе има лимитирана минутажа.
Манчестер Сити за овој трансфер ќе мора да ја плати откупната клаузула, а тоа ќе биде и клупски рекорд.