(ВИДЕО) Инцидент на Стемфорд Бриџ, Ридигер рипна да се тепа со членови на Барнли и направи мешаница пред тунелот

by
1 минути читање

„Сините“
пропуштија златна шанса да се искачат на третата позиција откако изминатио
викенд сите конкуренти за топ четири пласман (Тотнем, Арсенал и Манчестер
јунајтед) загубија, а тие вечерва одиграа само 2-2 против Барнли.

Гостите во финишот се бранеа со сите играчи, Челси немоќно се обидуваше да
дојде до гол и победа, па фрустрациите испливаа во завршните мигови. Најпрво
Ковачиќ влезе во расправија со гостите по која Сари беше испратен во
соблекувална, а по последниот свиреж Ридигер рипна да се тепа.

Дефанзивецот, кој
не играше поради повреда, имаше замерки за член на персоналот на Барнли па
креираше голема мешаница пред тунелот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×