Гол на Трајковски, но Палермо киксираше дома против претпоследниот тим на табелата (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Популарните
„росанеро“ испуштија два важни бода во трката за директен пласман во Серија А.
Вечерва на „Ренцо Барбера“, Палермо одигра само 1-1 против Падова, претпоследнопласираниот тим на табелата.

Александар
Трајковски го отвори резултатот во 14. минута, Македонецот биеше од далечина,
топката закачи еден од гостинските дефанзивци и заврши во мрежата.

Сепак радоста
кратко траеше, само 60 секунди подоцна, Пулцети реализираше за 1-1. Гостите имаа и
прилика да заминат на пауза со предност, но Капело промаши пенал.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×