Зидан категоричен: Бензема е најдобрата „деветка“ во моментов

by
1 минути читање

Зинедин Зидан
упати пофалби за формата на Карим Бензема, откако напаѓачот на Кралевите
постигна хет-трик во победата над Атлетик Билбао со 3-0 на Сантијаго Бернабеу.

30 годишниот
напаѓач оваа сезона во Примера досега постигна 21 гол, а по враќањето на Зидан
на клупата на шпанскиот гигант, францускиот напаѓач е непрепознатлив со својата
одлична форма.

Тој игра подобро
од било кога, откако се вратив во овој клуб
“ рече Зидан за својот сонародник.

Според мене, со
осум гола во серија, тој е најдобрата
деветка во овој момент,
како и да е, воопшто не сум изненаден од неговите перформанси, бидејќи знам со
каков капацитет располага
“ заклучи шефот на стручниот штаб на Кралевите. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×