За Клоп прашање од типот ‘дали Ливерпул мисли на Барса’ е сра*е од прашање

by
1 минути читање

Многумина
очекуваат Ливерпул барем малку да се „штеди“ против Хадерсфилд во петок пред
своја публика во рамките на Премиерлигата, а со цел за првата пресметка против
Барселона на гости во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Тимот од Енфилд
се бори на два фронта во завршницата од актуелната сезона, во моментов е лидер
во Премиерлигата со два бода повеќе од Манчестер Сити, но и меч повеќе во однос
на големиот ривал на три кола до крајот на првенството.

Германскиот
стратег од клупата на Ливерпул, Јирген Клоп по вчерашната победа на гости кај
Кардиф (0-2) испрати јасна порака дека неговиот состав целосно ќе се фокусира
на мечот со фенерџијата во Премиерлигата.

Некои луѓе би не
прашале дали размислуваме за Барселона или некои слични сра*
a како тоа прашање“ рече Клоп.

Ние целосно ќе
се фокусираме на мечот со Хадерсфилд, но, дотогаш ќе треба да се одмориме, а
воедно и да се подготвиме добро
“ додаде Германецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×