ЦР7 испиша нова
страна во историјата откако со Јувентус се радуваше на Скудето во саботата.
Португалецот стана првиот играч кој стигнал до титула во Премиерлигата, Ла Лига
и Серија А.
Но Марио Балоели
не е премногу импресиониран од ова постигнување и во свој стил го искоментира
новиот рекорд.
Инстаграм страната
433 објави пост кој гласеше: „Кристијано Роналдо е првиот играч во историјата
кој триумфирал во првенствата на Англија, Шпанија и Италија“.
Во низата
коментари се најде и оној на „Супер Марио“, кој напиша: „Само затоа што јас
никогаш немам играно во Шпанија“.
Проблематичниот
Италијанец има титула во Серија А во дресот на Интер, а ја освои и
Премиерлигата со Манчестер Сити.
