Трпеливиот Ливерпул до рутинска победа, Арсенал извврши „самоубиство“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Црвените“ одново
имаат +2 на врвот, избраниците на Клоп одиграа трпеливо, зрело и на крајот
рутински стигнаа до три бода на гостувањето кај Кардиф.

Вајналдум го
отвори резултатот на стартот од вториот дел откако закачи еден полуволеј, а
конечните 0-2 беа дело на Милнер од белата точка во финишот од мечот.

За разлика од
Ливерпул, Арсенал изврши „самоубиство“ и загуби на домашен терен од Кристал
Палас. Емери се реши за неколку промени во тимот, па одбраната киксна во 17.
минута и го остави Бентеке осамен кој погоди за 0-1.

Озил ги врати
„топчиите“ во игра на стартот од вториот дел, домаќините потоа притисна за водство но примија два гола за краток период.
Заха погоди за 1-2  во 61. минута, а
Мекартур најдобро се снајде по еден прекин за 1-3 во 69. минута.

Обамејанг успеа само да намали на 2-3 во 77. минута. Со поразот, Арсенал
пропушти да скокне на третата позиција на табелата и да направи значаен исчекор
кон место во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×