„Ѓаволите“ имаа
партија за заборав на „Гудисон парк“, целосно потфрлија и на крајот срамно
загубија со 4-0.
„Од првиот свиреж
на судијата, се беше погрешно“ – вели Оле Гунар Солскјер за Скај Спортс.
„Сакам да им се
извинам на фановите. Тие се единствените кои денеска гордо го носеа грбот на
клубот и можат да одат со исправени глави, бидејќи ние не можеме“.
„Перформансите не
беа на нивото на еден тим како Манчестер јунајтед. Знаеме дека ги разочаравме
фановите и клубот. Тешко ми е да опишам што одигравме бидејќи беше многу лошо.
Не надиграа на секое поле. Дури по 85 минути го упативме првиот удар, тое не е
доволно добро“.
„Имаме перфектна
шанса да се искупиме во среда (против Манчестер Сити). Фановите секогаш ни
давале поддршка и сигурен сум дека ќе бидат зад нас и во среда. Само што
изгубивме со 4-0 и тие не се пожалија од играчите, а можеа да го сторат тоа“.