По пристигнувањето
на Норвежанецот на Олд Трафрод, почнаа да цветаат рози, фудбалерите заиграат далеку подобро и забележаа 14 победи во првите 17 натпревари под негово
водство.
Оле Гунар
Солскјер постави рекорд кој не му успеал ниту на легендарниот Сер Алекс
Фергусон и ги предводеше „ѓаволите“ до рекорден број на победи во низа на
гостински терен (осум)
Па на стратегот
му беше укажана доверба и тој доби три годишен договор. Сепак, работите за
кратко време се променија, и Манчестер јунајтед сега има шест порази на
последните осум меча, најлоша серија во последните 30 години.
Исто така, малку
иронично, „ѓаволите“ имаат пет порази во низа на гостувањата, нешто што никогаш
претходно не им се случило во историјата.
Три од овие пет
порази беа во Премиерлигата, и Манчестер јунајтед за последен пат во
првенството загубил три меча во низа во далечната 1996 година.
Солскјер на
„Гудисон парк“ постави уште еден негативен рекорд за кој сноси само делумна
вина. Манчестер јунајтед сега има примено 48 погодока, најлош скор во ерата на
Премиерлигата, и најмногу во првата лига од сезоната 1978/79 (63 погодока).
Ema record aya
Unbelievable record: Manchester United have lost 5 consecutive away matches for the first time in their history:❌ Everton 4-0 Man Utd
❌ Barcelona 3-0 Man Utd
❌ Wolves 2-1 Man Utd
❌ Wolves 2-1 Man Utd
❌ Arsenal 2-0 Man Utd#ASG_fp— Rueben K. Mwanza (@kayamwe) April 21, 2019