147
Бразилецот често добива критики за слабите игри и се говори за негово заминување и покрај тоа што само пред 15 месеци Барселона за него плати рекордни 160 милиони евра.
Филипе Кутињо имаше добро издание против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите кое го круниса со „голазо“. При прославата на голот, тој се сврте кон публиката и ги покри ушите, гест кој многумина го протолкуваа како порака до критичарите.
Па кога фудбалерот денеска влезе од клупата против Реал Сосиедад доби одговор од гледалиштетот и свирежи од публиката на Камп Ноу.